-->
-->
Малолетници нападнале 15-годишник во Скопје, еден од нив пукал со пиштол кон него
-->
Петнаесетгодишник бил физички нападнат од двајца малолетници во Скопје, а еден од нив дури и пукал со огнено оружје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, на 12 март 2026 година во 03:30 часот во СВР Скопје, Н.И. (39) од Скопје пријавил дека на 11 март околу 19:30 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил нападнат од двајца малолетници.
Како што е пријавено, подоцна на подрачјето на Гази Баба едниот од напаѓачите репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, додека другиот фрлал тврди предмети кон него.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

66-годишен Грк допирал 14-годишно момче во бања во Штип
-

64-годишен маж пронајден мртов во својот дом во Велес
-

Скопјанец возел до и низ Дебар иако имал забрана за управување на автомобилот
-

Министрите за енергија на Г7 отворени за ослободување на резервите на нафта
-

Вешто лице сведочеше за неправилности во препишувањето терапија во случајот Онкологија
-

Пасош за успех: Како Flex Group ги слави своите хероини
-

Трет брод нападнат во Ормуски Теснец
-

Ѓорѓиевски: Скопје памети - 83 години од црниот 11 март
