Македонија
5. May 2020 - 14:42

МАНУ бара или партиите или Уставниот суд итно да го свикаат Собранието

Единствен излез од усложнетата правна состојба со прогласувањето на вонредната состојба е свикување на Собранието со цел да ја преземе должноста што му е одредена со уставните одредби за вонредна состојба. Ова е заклучокот што Македонската акедемија на науките и уметностите го дава во посебна Анализа на правните аспекти на вонредната состојба што академиците ја направиле вчера преку Центарот за истражување во МАНУ „Ксенте Богоев“ и правни екперти од Правниот факултњт во Скопје. Се работи за документ на 20-тина страници со 12 заклучоци.

Академиците заклучиле дека ако пратениците, односно нивните партии, не можат да постигнат консензус околу состанувањето, останува работите да ги пресече Уставниот суд со одлука за поништување на одлуката за распуштање на Собранието, и со тоа враќање на работите на нивниот исправен уставен пат.

Анализатата стигнува само ден прет Уставниот суд да одлучи дали ќе покрене инцијатива по службена должност за враќање на распуштеното Собрание. При тоа, од МАНУ тврдат дека не постои никаква правна пречка, Парламентот да продлжи со работа и покрај распуштањето на 16 февруари.

„Уставот не содржи ни една одредба во која би била предвидена правна пречка за свикување на Собранието, а од повеќе одредби, иако сосема конфузни, произлегува дека таква пречка не може да постои ни во однос на „распуштено“ Собрание. И според Изборниот законик, мандатот на пратениците трае до верификацијата на мандатите и конституирање на новиот собраниски состав“, анализирале академиците.

Одново свиканиот парламент по престанокот на вонредната состојба, според МАНУ, треба да донесе и нова одлука за даумот за одржување на избори,затоа што само Собранието има уставно овластување за донесување таква одлука, а веќе донесената е беспредметна со истекот на времето на кое се однесувала.

Од МАНУ велат и дека Уредбите со законска сила што ги донесува Владата престануваат со вонредната состоба. Оние пак, кои имаат продлжено дејство треба да бидат прегласани од парламентот со нов посебен закон.

„Уредбите, вклучително тие со кои е предвидено продолжено траење на нивното дејство, мораат со прогласувањето на престанот на вонредната состојба да подлежат на потврдување од страна на Собранието, кое со посебен закон треба да уреди дали тоа дејство продолжува и да предвиди отстранување на нивните последици настапени врз основа на поединечни правни акти, евентуални компензации итн“, велат од МАНУ.

Спротивно на ова, од Владата вчера за Сител тврдеа дека уредбите се во правен промет и по престанок на вонредната состојба.

Академиците исто така препорачуваат претседателот, по аналогија на редовните зкаони, би требало да потпишува укази за Уредбите на Владата и при тоа да го задржи своето право да врати некоја од нив доколку смета дека не се согласно Уставот и во насока на вонредната состојба.

Анализата од МАНУ ќе биде испратена до шефот на државата, Собранискиот Претседател, Премиерот, Претседателот на Уставниот суд и Министерката за правда.