Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу

Две државјанки на Перу се лишени од слобода на Граничниот премин Ќафасан откако при контрола во нивниот багаж била пронајдена марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што информира МВР, на 27 октомври на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан извршиле преглед на комбе во кое патувале Л.Р.Ф.М. (27) и П.П.Д.А. (26), двете државјанки на Перу.
При контролата, во багажот на Л.Р.Ф.М. биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на П.П.Д.А. било откриено едно пакување со марихуана.
По откривањето на дрогата, двете лица биле лишени од слобода и спроведени во Полициската станица Струга, каде биле задржани за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
-

Нема простор за паника, но има потреба од внимателност по одложувањето на вакцинацијата со БСЖ
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Ние сме единствена партија која е за зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Петрушевски: Случајот со хеликоптерите е доказ за криминал и корупција во владеењето на СДСМ
