Македонија
12. May 2018 - 16:41

Мариово нуди одлични услови за развој на планинскиот туристички велосипедизам

И годинава аутдор фестивалот MARIOVO OFF ROAD EXPERIENCE по 7-ми пат ја понуди најдобрата забава и уживање во еден од недопрените предели Македонија. Над 200 учесници од цела држава учествуваа во денешните 2 тури на планински велосипедизам долги 50 и 30 км. Учесниците посетија голем дел од уникатните убавини на овој крај.

„Многу е убаво Мариово, секоја година имаме нови искуства. Мостот кај Зовиќ мора да се посети. Има добро дружење, луѓе од цела Македонија“, вели Воислав Димитровски, учесник на Mariovo Off road Experience.

„Ова ми е 4-та година по ред нема поубаво аутдор искуство за мене во Македонија, иако има многу други, за мене Мариово е најубаво“, вели Калин Марковиќ, учесник на Mariovo Off road Experience.

Освен планинскиот велосипедизам учесниците на фестивалот утре ќе може планинарат и да го посетат врвот Висока, каде според некои претпоставки се наоѓаат тврдините од изгубениот град Пелагонија.

„Ова е прекрасен настан за да луѓето видат колку е убаво тука, а треба да доаѓаат и на своја рака почесто бидејќи местово навистина треба да зажиивее“, Горан Петрески, учесник на Mariovo Off road Experience.

Годинава на велосипедистите им се приклучија и членовите на Off road клубот 4x4.мк. Организаторите велат дека по 7 години се надеваат дека ја постигнале целта, а тоа е развој на алтернативниот туризам во Мариово.

„И не само од Македонија туку тука доаѓаат гости и од странство бидејќии патеката во Мариово веќе е влезена во програмите на тур операторите кои носат гости од другите држави“, изјави Слободан Трајковски, организатор на настанот.

 Mariovo Off road Experience стана вистински препознатлив бренд за Прилеп. Тој е еден од неколкуте видови на алтернативен туризамо кој што во последните нејколку години го негуваше Општина Прилеп.  За 7 години Mariovo Off road Experience го посетиле над 2.500 учесници.