Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија

Македонскиот автомобилист Марко Блажевски ја освои европската шампионска титула во Renault Cup по извонреден и доминантен настап на патеката „Мизано“ во Италија.
До најголемиот успех во својата досегашна кариера стигна една трка пред крајот на шампионатот, потврдувајќи ја својата супериорност во текот на сезоната.
Блажевски уште еднаш покажа дека припаѓа на самиот европски врв на автомобилскиот спорт.
Со одлично темпо, сигурно возење и победнички менталитет, македонскиот возач успеа да ја обезбеди титулата пред последниот тркачки викенд, нешто што дополнително ја потврдува неговата доминација во овогодинешното натпреварување.

Настапот во Мизано беше вистинска потврда за неговиот квалитет.
Пред италијанска публика, на една од познатите европски патеки, Блажевски успеа да ја круниса успешната сезона и да го оствари сонот за европска шампионска титула.
Овој успех има посебно значење и за македонскиот автомобилизам.
Освојувањето на европската титула е резултат на долгогодишна посветеност на трките, искуство и континуирана работа, но и силна поддршка од луѓето и компаниите кои стојат зад него.

По освојувањето на титулата, Блажевски упати благодарност до сите свои спонзори, партнери, тимот и поддржувачите кои беа дел од ова патување.
„Ова е еден од најголемите моменти во мојата кариера. Да се стане европски шампион и тоа една трка пред крајот на сезоната е нешто посебно. Мизано ќе остане засекогаш во моето сеќавање. Оваа титула не е само моја, туку и на сите кои веруваа во мене и ми помогнаа да стигнам до овој успех“, изјави Блажевски.
Со европската круна, Марко Блажевски испиша нова успешна страница во македонскиот автомобилизам, а неговиот триумф во Мизано претставува уште еден доказ дека македонските возачи можат да се борат и да победуваат на највисоко европско ниво.
Ново на Сител
-

Приведен скопјанец во Кучевиште, превезувал огревни дрва без документација и возел без дозвола
-

Паника на Волстрит: Остриот пад на акциите избриша милијарди долари од пазарот
-

Посебен сообраќаен режим утре кон градските гробишта поради Задушница
-

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10
-

„Гугл“, „Мета“ и „ТикТок“ ја тужат Калифорнија: Не сакаат ограничувања за деца под 16 години
-

Во Владата панел дискусија „Извештајот на Европската комисија за 2026 - напредок и реформи“
-

Путин, Трамп и Украина: Се подготвува договор што може да ја опфати цела Европа
-

Шпанија ѝ доделува нова воена помош на Украина во вредност од 437 милиони евра
