Марко Ѓуриќ: Изјавата на босанскиот министер за одбрана не придонесува за стабилност во регионот

Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ, синоќа изјави дека изјавата на министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез, во врска со воената парада во Белград претставуваат „уште еден пример за непотребна и неумерена реторика, што не придонесува за добрососедски односи или стабилност во регионот“.
Во соопштение, Ѓуриќ потсети дека воената парада „Силата на единството “ била организирана како дел од прославата на Денот на српското единство, слободата и националното знаме, празник што симболизира мир, заедништво и почитување на националните традиции, и нагласи дека таа не е насочена против никого во регионот, туку е можност да се оддаде почит на припадниците на српските вооружени сили и историското наследство на српскиот народ.
„Жалиме што одредени актери во регионот се обидуваат да најдат причина за нови поделби во еден празник и церемонија. Србија е стабилна, воено неутрална земја, која со зајакнување на своите одбранбени капацитети придонесува за безбедноста на целиот регион, а не за спротивставување на никого“, рече Ѓуриќ.
„Србија ќе остане посветена на добрососедските односи, но во исто време секогаш ќе го брани своето право самостојно да одлучува за начинот на прославување на своите празници“.
Хелез оцени дека воената парада во Белград повеќе личела на лоша историска реконструкција отколку на сериозен приказ на модерна воена моќ и дека претставува „целосно фијаско на режимот на Вучиќ“.
Тој истакна дека ниту еден сериозен меѓународен претставник не присуствувал на воената парада во Белград.
„Пораката е јасна: Вучиќ ја турка Србија на маргините на меѓународната заедница, рамо до рамо со ентитети како Јужна Осетија и Абхазија. Таа парада повеќе личеше на лоша историска реконструкција отколку на сериозен приказ на модерна воена моќ. Додека остатокот од Европа е загрижен за иднината, Вучиќ одлучува повторно да ги парадира тенковите од музеј и авионите што летаа додека Слободан Милошевиќ мавташе од балкон. Ако требаше да биде демонстрација на сила – пораката беше примена: Србија е длабоко заглавена во минатото“, изјави Хелез.
МИА
Ново на Сител
-

Божиќна честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко - скопски епарх
-

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја
-

Поради неисполнување на хигиенски услови, затворени девет новогодишни куќарки во струшката чаршија
-

Тројца тетовчани се обиделе да измамат полицајци со лажна сообраќајка
-

МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
-

Владата ќе донира 100 нови комби возила за Македонска пошта
-

Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
