Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
Болката се претвори во крик на очај. Родителите на 62 млади лица чии животи прерано згаснаа во дискотеката на смртта, денеска со емотивно пораки до жителите на Кочани, но и до целата македонска јавност, масовно да ги поддржат во нивните барања за правда и целосно расчистување на случајот, а вистинските виновници да ја сносат заслужената казна.
- Јас марширам на секој марш, моето дете отиде, за кого марширам? За вашите деца, што ги имате дома, оти утре не дај Боже ќе ви се случи и на вас истото, па да не кукате и вие како ние што кукаме и да одите по гробиштата. И ако ви вршат притисоци, не плашете, ние мнозинството секогаш победуваме. Доста одевме ние другари, достаодевме и траевме. Ним тоа им одговара, си велат, тие се овци, трава пасат, одат и ништо друго не прават, изјави родител на починат 21 годишен кочанчанец.
Повторно укажаа на сите нерегуларности и неправилсности во работењето на „Пулс“ и побараа одговори од УЈП, полицијата и обвинитеслтвото.
- Кој во УЈП бил надлежен да го поднесе барањето за стечај и зошто тоа не било направено. Дали некој ја стопирал постаката и ако ДА, зошто и со каква цел?, прашува мајка на загинато момче од Кочани
Родителите посочија дека се прави и притисок врз сведоци со цел да се сокрие фактот дека била затворена вратата во дискотеката Пулс од страна на полицијата и наместо децата да бидат спроведени надвор тие биле враќани назад од полицијаците кои според тврдењето на родителите први избегале.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар