Мартинез: Роналдо дава сѐ од себе, но нема долгорочни цели
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, одговори на прашање за шансите Кристијано Роналдо да учествува на Светското првенство во 2026 година.
-Секој пат игра како да му е прв пат на теренот. Неговата посветеност, свежината што ја одржува секој ден... Тој е победник. Сè уште е гладен за победи. Светското првенство во 2026 година? Тој дава сѐ од себе, но нема долгорочни цели. Сака да биде најдобар секој ден. Неговиот фокус е на она што се случува денес, изјави Мартинез за „ESPN“.
Вкупно, 40-годишниот Роналдо има 222 натпревари за репрезентацијата на Португалија, постигнувајќи 140 гола. Тој го држи светскиот рекорд за постигнати голови на репрезентативно ниво.
Во својот последен натпревар за португалската репрезентација против Ерменија (5:0) во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, Роналдо постигна два гола.
МИА
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи