Маск најави „Грокопедија“ – нова енциклопедија како ривал на Википедија

Милијардерот Илон Маск објави дека преку својата компанија за вештачка интелигенција xAI работи на нова платформа под име „Грокопедија“ (Grokipedia), која треба да биде конкуренција на Википедија.
Маск, кој е сопственик на социјалната мрежа Икс, вели дека новата услуга ќе претставува „масовно подобрување“ во однос на онлајн енциклопедијата чијашто содржина ја уредуваат волонтери. Тој често ја обвинува Википедија за политичка пристрасност и левичарски гледишта.
Името е изведено од чат-ботот „Grok“ на xAI, кој Маск го опишува како „максимално ориентиран кон вистината“. Сепак, „Грок“ предизвика контроверзии поради антисемитски коментари, кои компанијата на Маск ги припиша на „грешки во програмирањето“.
Објавата следи по критиките на Дејвид Сакс, сојузник на Маск и новоименуван комесар за вештачка интелигенција во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предупреди на користење содржини од Википедија за тренирање на АИ системи.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
-

Антикорупциските закони добри само на хартија - само двајца функционери пријавиле подароци
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
