Медведев седми пат во кариерата елиминиран на стартот на Ролан Гарос

Поранешниот светски рекет број еден, а во моментов осморангиран на АТП листата, Данил Медведев, веќе на стартот го заврши настапот на вториот грен – слем турнир оваа сезона, откако попладнево во воведното коло на Ролан Гарос загуби од Адам Волтон од Австралија во пет сетови.
Во дуелот против Волтон (АТП-97), кој настапува на Ролан Гарос во вајлд-карта, Медведев два пати го израмнуваше водството на противникот, но беше немоќен во решавачкиот петти сет (6-2, 1-6, 6-1, 1-6, 6-4) и седми пат прертре рана елиминација во својот десетти настап на грен – слемот во Париз.
Рускиот тенисер до својата прва победа во кариерата на Ролан Гарос дојде дури во петтиот настап, кога во 2021 година дојде и до четвртфиналето, но во последните четири години повторно покажа дека земјената подлога му е најмалку омилена.
Минатиот месец, Медведев претрпе и понижувачки пораз од 6-0, 6-0 на Мастерс турнирот на земјена подлога во Монте Карло кога загуби без освоен гем од Италијанецот Матео Беретини.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
