Меџити: Идната недела ќе се пополнат празните места во Владата
Вицепремиерот и министер Изет Меџити денеска од Тетово најави дека наредната недела ќе се знае точно кои луѓе ќе се постават на владините функции по заминување на Арбен Таравари и неговите блиски соработници. Одговарајќи на новинарско прашање, Меџити уверува дека се работи на постабилна Влада, со цел побрза реализација на предвидените проекти.
-Владата е стабилна и се зајакнува за да може да се реализираат проектите во интерес на граѓаните. Повеќето се реформираат, ќе има и Бадинтер мал и Бадинтер голем. Ќе има предлози на закони што се во интерес на граѓаните, кои верувам ќе ги гласаат сите. Позициите внатре во „Влен“, главно место има Алијансата за Албанците на чело со Арбен Фетаху, нормално и со другите пратеници, и тие што преминаа од Фронтот за Европа, повеќето нови, и со нив се разговара. Се надевам идната недела од понеделник натаму ќе имаме информации за пополнување на празните места, бидејќи немаме време за муабети ни треба мнозинство за да ги реализираме проектите како денешниов, изјави Изет Меџити.
Тој заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на граничниот премин Јажинце-Глобочица беа да го означат почетокот на употреба на One Stop системот за заедничка интегрирана гранична контрола со Република Косово.
Ново на Сител
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот