Македонија
29. July 2025 - 16:36

Меџити влегува во изборна трка за Чаир – ДУИ бара преизборен ветинг

Вицепремиерот Изет Меџити ја потврди неговата кандидатура за општина Чаир. Во трка за општинската фотеља силите ќе ги одмери со поранешниот сопартиец, Бујар Османи. Во финална фаза бил процесот за сите кандидати со кои Вреди ќе ја води трката за локалната власт. 

Според него политичкиот опонент во албанскиот политички блок ДУИ однапред ги има изгубено локалните избори, бидејќи веќе отстапил голем дел од кандидатите на партнерите Села и Таравари. 

Се уште конкретно не одговара во кои општини владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи нивни кандидати, но истакна дека меѓусебна поддршка е договорена.

А во пресрет на изборното соочување наесен, ДУИ бара политичките партии да го поддржат нивниот предлог за ветинг на сите јавни функционери, односно да се провери нивниот имот, како услов за правда и за поправедна иднина за сите граѓани.

Меџити им врати на поранешните сопартијци дека лажни се ваквите заложби, особено што доаѓа од партија во која најголем дел од претседателството е ставено на црната листа на САД.