Македонија
3. December 2016 - 19:42

Меѓународен ден на лицата со инвалидност

Не само на 3 декември, туку во текот на целата година треба да се зборува и да се работи на подобрување на животот на лицата со инвалидност, сметаат од движењето против хендикеп Полио Плус. Од оваа организација велат дека на денешниот ден сите институции и актери во нашето општество, па и луѓето  без хендикеп треба да дадат отчет што направиле во текот на годината за да овозможат еднакви можности и независен и самостоен живот за граѓаните со хендикеп.

- Не е ден кој треба да се прославува. Ден како ден, каде секој во основа треба да каже дали барем направил нешти и колку минути во оваа година посветил, направил придонесол за граѓанинот со и без хендикеп, бидејќи сите работи кои ниое како организација ги бараме во основа, се работи кои се добредојдени и  за граѓаните без хендикеп, вели Елена Кочоска, од Полио Плус, движење против хендикеп.

Од Полио Плус очекуваат во државата да биде донесено поефикасно законодавство, а постоечките закони да имаат попрактична примена.

- Идниот мандатар мора да пресече и да стави крај на монополската позиција  на голем број актери, но и да ја постави правилно шината за да можат конкретните мерки да ефектираат со добар резултат, додаде Кочоска од Полио Плус.

Се претпоставува дека во Македонија околу 10 проценти од населението има помал или поголем хендикеп.