Меѓународен симпозиум по археологија во Струмица
Човештвото од секогаш најмногу вложувало во развојот на алатките и технологијата. Со нивната појава човекот создавал и нови видови на егзистенција и освојувал нови простори за живеење. Токму интеркативноста помеѓу човекот и алатките низ вековите беше тема на шестиот меѓународен симпозиум по археологија кој се одржа во Струмица. 26 учесници од осум европски држави презентираа 23 теми од областа на археологијата, антропологијата, историјата на уметноста, етнологијата и други мултидисциплинарни науки.
Од струмичкиот завод и музеј велат дека ја одбрале темата алатки и оружје бидејќи била многу значајна, но малку експлоатирана и покрај големиот број наоди.
Научниот симпозиум требаше да се одржи лани, но поради пандемијата со Ковид 19 тој беше одложен за една година. Од истата причина дел од учесниците своите трудови ќе ги презентираа онлајн. Според најавите сите трудови кои беа презентирани на собирот ќе бидат сместени во заеднички зборник на трудови.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар