Мегваер за победата над Лион: Луд натпревар
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, ја опиша како лудило синоќешната победа од 5-4 над Олимпик Лион во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа.
„Ако го побарате зборот „луд“ во речникот, веројатно најдобро одговара за овој натпревар. Беше луда игра и неверојатно е што дојдовме до резултатот што ни овозможи пласман понатаму“, рече Мегваер, кој го постигна победоносниот гол за Манчестер Јунајтед во последните моменти од натпреварот.
Откако првиот натпревар во Лион заврши нерешено 2-2, Јунајтед на реваншот на „Олд Трафорд“ водеше со 2-0 по првите 45 минути со головите на Угарте (11) и Далот (45+1). Сепак, Лион израмни на 2-2 преку Толисо (71) и Таљафико (78) и избори продолженија.
Францускиот тим дополнителните половина час ги почна со играч помалку поради исклучувањето на Толисо во 89. минута. И со играч помалку Лион поведе и дојде до навидум недостижни 4-2 со головите на Черки (104) и Лаказет (109-пенал). Кога се чинеше дека Лион ќе продолжи во полуфиналето, Јунајтед од 114. до првата минута од судиското продолжение, постигна три голови за нов голем пресврт во натпреварот. Бруно Фернандеш (114) реализираше пенал, а Маино (120) и Мегваер (120+1) погодија во самиот финиш на дуелот.
Во второто полуфинале ќе играат Тотенхем и Бодо/ Глимт.
Полуфиналните натпревари се на програмата на 1 и 8 мај.
Резултати од реванш четвртфиналните натпревари во Лига Европа (во заграда се резултатите од првите натпревари):
Атлетик Б. – Ренџерс 2-0 (Сансет 45+4-11 м, Н. Вилијамс 80) (0-0)
Ајнтрахт Ф. – Тотенхем 0-1 (Соланке 43-11 м) (1-1)
Лацио – Бодо/Глимт 3-1 (Кастеланос 20, Нослин 90+3, Диа 99 / Хелмерсен 109) (0-2); Пенали: 2-3
Манчестер Јунајтед – Лион 5-4 – по продолжение (Угарте 11, Далот 45+1, Бруно Фернандес 114-11 м, Мајно 120, Мегвајер 120+1 / Толисо 71, Таљафико 78, Черки 104, Лаказет 109-11 м)
Полуфинални парови:
Тотенхем – Бодо/Глимт
Атлетик Б. – Манчестер Јунајтед.
Ново на Сител
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева
-
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години и три месеци