-->
-->
ИН МЕМОРИАМ: Почина таткото на македонското борење Насе Насев
-->
На 80-годишна возраст по кратко боледување во Скопје почина творецот на македонското борење Насе Насев.,поранешен директор на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) .
Насев, роден во Кочани во 1943 година, е еден од основоположниците на македонското борење, поранешен борач и тренер на Спартак од Кочани, долгогодишен селектор на репрезентацијата на бивша Југославија, а потоа и на независна Македонија.
Учесник е на десет Олимписки игри, творец на легендите како Шабан трстена, Шабан Сејдиу и многу други кои ја прославија Македонија и македонското борење, а како спортски директор на МОК, под негово раководство во Сиднеј во 2000 година беше освоен првиот медал од едни ЛОИ за Македонија, Могамед Ибрагимов осбои бронза.
Носител е на трофеј и златен без на ИОК, во 1997 година влезе меѓу великаните на македонскиот спорт, а во јуни годинава го доби највисокото државно признание од страна на претседателот Стево Пендаровски, кој го одликуваше со медал за заслуги за Македонија за траен белег на спортските терени и огромниот придонес за афирмацијата на македонскиот спорт и држава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
-

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
-

Почнува целосна примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
-

Зеленски: Украина ќе го почитува велигденското примирје
-

На Србија ѝ се заканува губење на 1,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ
-

Променливо облачно со сончеви периоди
