Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги отфрли новите критики од американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги опиша буџетите за одбранбени трошоци на европските сојузници во НАТО како „смешни“, издвојувајќи ја особено Германија.
Германија е во процес на удвојување на својот одбранбен буџет за четири години, изјави Мерц во Берлин по состанокот со шефовите на држави и влади на балтичките земји.
– Ова е најголемиот напор што некогаш сме го направиле за да ги зајакнеме нашите одбранбени капацитети. Во тој поглед, немаме од што да се срамиме – додаде тој.
Мерц изјави дека планира да го нагласи ова на претстојниот самит на НАТО во Анкара на 7 и 8 јуни, на кој е предвидено да присуствува и Трамп.
Европските членки во трансатлантската алијанса се решени да ја одиграат својата улога во одбраната на НАТО, нагласи тој. „И секој што внимателно ќе ги погледне овие бројки, треба да го признае тоа“.
Трамп долго време го критикува она што го опишува како неправедно споделување на товарот во рамките на НАТО, обвинувајќи ги европските сојузници дека профитираат на сметка на масивниот американски одбранбен буџет, пренесе ДПА.
Под притисок на Трамп, кој во повеќе наврати се закануваше дека ќе ја напушти алијансата, како и поради зголемената закана од Русија, сојузниците на нивниот самит минатата година се обврзаа да ги зголемат трошоците за одбрана од 2 на 3,5 отсто од националниот БДП до 2035 година, при што дополнителни 1,5 проценти ќе се трошат за поврзани расходи, како што е инфраструктура.
Но, Трамп продолжи да упатува поплаки, последен пат вчера кога преку својата социјална платформа „Трут Соушл“ ги критикуваше одбранбените трошоци на сојузниците како „смешни“.
„Соединетите Држави трошат далеку повеќе пари за НАТО од која било друга земја за да ги заштитат, без да имаат каква било корист од тоа“, напиша тој.
„САД 999 милијарди долари, Обединетото Кралство 90,5 милијарди долари, Франција 66,5 милијарди долари, Италија 48,8 милијарди долари, Полска 44,3 милијарди долари. Другите, вклучително и Германија, се МНОГУ ПОНИСКО. (2014-2025)“, напиша Трамп. Бројките се слични на оние во извештајот за трошоците на НАТО објавен минатата година, но Трамп не наведе извор.
Германија планира да ги зголеми трошоците за одбрана на 3,5 отсто од БДП до 2029 година, шест години порано од ветеното.
Ново на Сител
-

Миланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете земји
-

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови
-

Пратениците се враќаат на работа по августовскиот одмор, првата седница закажана за 2 септември
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на свеченото отворање на 20. Медитерански игри во Италија
-

ЕУ и Македонија во летна слатка трка: Кој повеќе произведува, а кој повеќе троши сладолед
-

ЦУК: Пет активни пожари, два под контрола
-

Таранто 2026: Четврто учество на македонските спортисти на Медитерански игри
-

Ангелов: Изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, граѓаните да бидат особено внимателни поради висок ризик од пожари
