Мерки на општина Атина поради најавените високи температури
Отворање климатизирани простории, мерки за заштита на бездомните лица и бездомните животни, зголемена готовност на сите надлежни служби, се дел од мерките што од денеска ги воведува општина Атина, поради најавениот мини топлотен бран во следните денови со температури што во одредени делови на Грција се очекува да достигнат до 41 степен, јави дописничката на МИА од Атина.
Според прогнозите на метеоролозите максималните температури во грчката метропола до сабота ќе бидат до 40 степени, а од општината соопштија дека т.н. клубови на пријателство, односно просторите за разонода на пензионерите, сега ќе бидат пренаменети и ќе функционираат како климатизирани простории за сите граѓани.
За заштита на бездомниците, тимови од Центарот за прием и солидарност на општината ќе бидат на терен и ќе делат вода, сокови, но и сет за лична заштита, додека пак предвидена е дополнителна грижа и за бездомните животни.
Како што соопштија од општина Атина, врз основа на планот за цивилна заштита, поради опасноста од пожари, општинската полиција ќе биде во состојба на висока готовност со зголемени патроли, а со дронови ќе се контролираат ридовите и областите со зголемен ризик од пожар.
Дополнително, апелираат до граѓаните ѓубрето да не го изнесуваат во периодот меѓу 12 и 17 часот, бидејќи поради високите температури и од здравствени и безбедносни причини, собирањето ќе се одвива само во утринските и ноќните часови.
Најавените високи температури за следните денови се и првиот топлотен бран во Грција за ова лето.
Ново на Сител
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Лион ќе се жали поради испаѓањето во Лига 2
-
Министерство за економија и труд: Да се применуваат мерките за заштита на работниците од горештините
-
Видеоиграта „Death Stranding 2“ достапна за обожавателите
-
Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари
-
Пристапот до Интернет во Иран се враќа во „претходна состојба“
-
Повредените од „Пулс“ со 62 бели балони за загинатите и порака „Никогаш нема да ве заборавиме“ | ВИДЕО
-
Тошковски: Работниот статус на полицајците во истрагата за „Пулс“ е ставен во мирување