Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ

Судот им ги одзеде пасошите на претседателот на Управниот одбор на приватна очна болница, а и на поранешната директорка на компанијата во чија сопственост е болницата, како и на сегашната управителка на приватна гинеколошка болница, поради сомнежи за злоупотреби при наплата на здравствени услуги им се одредени мерки на претпазливост.
Судија на претходна постапка на сите осум уапсени во синоќешната акција им ги одреди истите мерки. Според истрагата, на пациентите покрај законската партиципација им била наплаќана и приватна цена за операциите, иако истите услуги биле наплатувани и од Фондот за здравствено осигурување. Се проценува дека на овој начин биле оштетени меѓу 3.000 и 4.000 пациенти.
Кривична пријава е поднесена против вкупно 11 лица и една приватна здравствена установа, а во вчерашната полициска акција биле уапсени осуммина. Меѓу осомничените е и поранешниот директор на Фондот, Ден Дончев.
Според истрагата, Дончев и уште еден поранешен директор на Фондот во 2020 година склучиле договор со приватната болница спротивно на законските процедури, со што се овозможила двојната наплата на операциите. Под сомнение се и други раководни лица од Фондот, кои наводно не постапувале по утврдените неправилности.
Штетата за Фондот се проценува на околу 1,7 милиони евра, додека приватната болница се сомничи дека незаконски стекнала дополнителни 4,25 милиони евра.
Ново на Сител
-

Битола го слави денот на ослободувањето на градот 4-ти Ноември
-

Стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот
-

Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами
-

По седум години судење, Боки 13 ослободен од сите обвиненија
-

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1 милион евра
-

МФ: Владата го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година, ќе се достави до Собранието на усвојување
-

Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна
-

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ
