МЕРСМ: Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини изразува благодарност за официјалната поддршка од Секретаријатот на Енергетската заедница по повод усвојувањето на новиот Закон за енергетика во Собранието на Република Македонија. Оваа поддршка од европските партнери е силна потврда за посветеноста на нашата држава кон европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ.
Во своето соопштение, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски, истакна дека донесувањето на овој закон претставува „значајна пресвртница на патот на земјата кон целосна интеграција во европскиот енергетски пазар“. Лорковски нагласи дека новата правна рамка отвора пат за интеграција на македонскиот електроенергетски пазар, особено преку негово поврзување со европскиот ден однапред и интрадеј пазар (SDAC/SIDC).
„Усвојувањето на овој закон ја потврдува силната заложба на Македонија за европска енергетска интеграција. Очекуваме следните чекори – од целосна усогласеност до унапредување на безбедноста на системот и приклучување кон заедничкиот пазар на ЕУ“, изјави Лорковски.
Новиот Закон за енергетика е резултат на посветената работа на домашни експерти од Министерството. Законот е изработен преку инклузивен и транспарентен процес, во кој беа вклучени сите релевантни чинители, вклучително и енергетските компании, регулаторните тела, граѓанските организации и академската заедница. Овој пристап овозможи создавање на правна рамка што не само што е усогласена со директивите на ЕУ, туку и ги зема предвид локалните специфики и потреби на македонскиот енергетски сектор.
Министерството ја оценува поддршката од Енергетската заедница како признание за квалитетот на законското решение и неговата усогласеност со европските стандарди. Оваа правна рамка обезбедува темел за понатамошен развој на пазарот, зголемена регионална соработка и поефикасно, сигурно и одржливо снабдување со електрична енергија за сите граѓани и бизниси во земјата.
Во следниот период, Министерството ќе продолжи со тесна соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница за да се обезбеди целосна имплементација на законот и навремена верификација на усогласеноста. Нашата крајна цел останува целосно учество на Македонија во европскиот енергетски пазар, што ќе донесе економски придобивки, енергетска стабилност и позелена иднина за сите.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
