Метеор од седум тони прелета и експлодираше над САД

Метеор од седум тони што во вторникот прелета низ небото на Кливленд, САД, со брзина од 72.420 км/ч, пред да се распадне со звук на грмотевица, ги исплаши околните жители кои мислеле дека некаде во близина се случила експлозија.
Американското метеорско друштво вели дека жителите на подрачјето од Висконсин до Мериленд, на повеќе од 1.000 километри, ја пријавувале бучавата. Извршниот директор на друштвото, астрономот Карл Хергенротер, појасни дека „изгледало како огнена топка“, што значи дека се работи за метеорит или мал астероид. Проценките првично говореа дека станува збор за „нешто со големина на тениско топче или кошаркарска топка - најмногу“, како што вели научникот. Но, се покажа дека тоа е доста погрешно.
Новата проценка е дека станува збор за парче од седум тони. НАСА подоцна утврди дека станува збор за метеорит со дијаметар од речиси 1,83 метри.
Метеорот првпат бил виден на околу 80 км над езерото Ири. Патувал повеќе од 55 километри низ горната атмосфера пред да се распадне над Вали Сити, Охајо, соопшти НАСА. Ослободил енергија од 250 тони ТНТ кога се распаднал, предизвикувајќи гласен звук на експлозија. Персоналот на Националната метеоролошка служба во Кливленд, исто така, го слушнал и ги почувствувал вибрациите.
Нема извештаи за остатоци од метеорот.
- Може да има некои мали фрагменти, но голем дел од материјалот веројатно изгорел во атмосферата, рече метеорологот на Националната метеоролошка служба, Брајан Мичел.
Метеорит удира некаде во САД околу еднаш дневно, според Хергенротер, додека помалите парчиња вселенска прашина можат да удираат и до 10 пати на час. Научниците ги следат метеорите преку мрежа од специјални камери за ноќно небо, а денес и сè повеќе луѓе ги снимаат со своите мобилни телефони и камери за надзор.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, затоа е исклучен од партијата
-

Штрајк со глад пред ПС Свети Николе поради исчезнатата сопруга
-

Охрид има услови за развој на планински туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
