МФ: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување, при што економскиот раст е забрзан, јавниот долг е стабилизиран, а финансискиот сектор останува силен и ликвиден, соопшти Министерството за финансии.
Во Извештајот на ММФ, објавен денеска, се наведува дека економскиот раст во 2025 година достигна 3,5 отсто, поттикнат од силната инвестициска активност и растот на приватната потрошувачка. Воедно, се констатира дека и покрај предизвиците на приходната страна, фискалните цели за 2025 година биле исполнети, а јавниот долг бележи благо намалување како резултат на силниот номинален раст на економијата.
-Извршниот одбор на ММФ во извештајот на поздравува определбата на Владата и Министерството за финансии за фискална консолидација и зачувување на одржливоста на јавните финансии. Во извештајот се нагласува дека континуираните напори за намалување на буџетскиот дефицит, подобрување на наплатата на приходите, зголемување на ефикасноста на јавните расходи и одговорното управување со јавниот долг се важни за дополнително зајакнување на отпорноста на економијата. Истовремено, Фондот укажува на потребата од внимателно следење на надворешните ризици, особено во услови на зголемена неизвесност на меѓународните пазари и новите притисоци од растот на цените на енергијата, наведува Министерството.
Во извештајот, додава, позитивно е оценет и напредокот на државата во рамки на Планот за раст на Европската Унија, при што се потенцира важноста од продолжување на реформите насочени кон подобрување на продуктивноста, деловното окружување, владеењето на правото и борбата против корупцијата.
-Во Извештајот се наведува дека во наредниот период е важно да продолжат активностите насочени кон фискална консолидација, јакнење на даночната администрација и подобрување на ефикасноста на јавната потрошувачка и јавните инвестиции. ММФ укажува и на потребата од понатамошно спроведување на структурните реформи за зголемување на продуктивноста, подобрување на деловната клима, унапредување на управувањето со јавните претпријатија и зајакнување на институционалните капацитети. Воедно, се потенцира значењето на реформите во енергетскиот сектор, пазарот на труд и мерките кои ќе придонесат за одржлив и инклузивен економски раст и побрзо приближување кон економските стандарди на Европската Унија, информира Министерството.
Мисијата на ММФ беше спроведена во периодот од 18 до 31 март 2026 година, а извештајот е подготвен врз основа на прелиминарните наоди објавени по нејзиното завршување. Консултациите по членот 4 се редовни и се спроведуваат еднаш годишно.
МИА
Ново на Сител
-

Лишен од слобода Александар Лазаров кој избега од Полициска станица во Кочани
-

Мицкоски во Глумово, ќе изврши увид на проектните активности за регулација на Сува Река
-

СП 2026: Европскиот првак Шпанија прв финалист на Мундијалот
-

СП 2026: Де ла Фуенте – Пред нас е уште еден чекор
-

САД повторно воведоа блокада на иранските пристаништа, Иран возврати со нови напади
-

Повторен колапс на електричната мрежа во Куба, третпат во девет дена целиот остров остана без струја
-

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ
-

Демократите во Сенатот го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран
