МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании по поволни услови

Нови 45,2 милиони денари се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции што ги реализираат домашните компании, соопшти Министерството за финансии (МФ).
Вкупната поддршка што Владата досега ја реалираше во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари или 242 милиони евра и има значајно влијание врз реализација на приватни инвестиции и поддршка за економската активности. Во Буџетот за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 250 милион евра. Првата транша од Буџетот кон Развојната банка и домашнтие компании Министерството за финансии ја реализираше во март минатата година.
-Владата ги обезбеди средствата од унгарската Експорт-импорт банка со цел поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници (домашните компании) по поволни услови, со каматна стапка од 1,95 отсто и рок на отплата до 15 години, со грејс период до три години, наведува МФ.
МИА
Ново на Сител
-

Италија подготвува забрана за социјални мрежи за деца под 13 години – до 16 години само со родителска контрола
-

ДЗР: Потребни се дополнителни мерки за зајакнување на ИТ безбедноста во ФЗОРСМ
-

Исламот би можел да стане најголема светска религија до 2035 година
-

Заврши билатералната средба Трамп – Путин во Шенџен
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Запален автомобил во подземниот паркинг на К-мол во Ѓорче Петров
-

Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици
-

Македонските фудбалерки против Андора стартуваат во Лигата на нации
