Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните

Доколку не се донесеше одлука за намалување на акцизата, цената на дизел горивото ќе беше за отприлика 11- 11,5 денари поскапа по литар од ова што е денеска, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на прашањето колкава би била реалната цена на нафтата, доколку Владата не донесеше одлука за намалување на акцизата за дизелот.
Премиерот Мицкоски истакна дека зголемена е продажбата на нафтените деривати на бензинските станици, а посебно оние кои што гравитираат кон северниот, западниот и јужниот дел од земјата, поради притисокот на граѓаните кои што доаѓаат од Грција, Албанија и Србија, веќе е стигнато до повеќе од 2 милиони литри гориво, кое што се точи на македонските бензински станици.
- Имајќи предвид дека отприлика 70 проценти е дизел гориво, тогаш доаѓаме до некаде околу 1.400 000 - 1. 500 000 литри, што значи дека само по основ на дизел горивото дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250 илјади евра, или ако се земе предвид отприлика две недели, и доколку се земе предвид веќе намалената царина, односно акциза за безоловниот 95 и 98-октански, тогаш доаѓаме до бројка помеѓу 4,2 и 4,5 милиони евра, тоа е директна заштеда која што ја имаат македонските граѓани, а индиректната заштеда се проектира во ниската стапка на инфлација-изјави Мицкоски.
Тој додаде дека во пикот на најголемата светска енергетска криза што ја памти човештвото веќе два месеци и тоа јули и август имаме, вели, една од најниските стапки на инфлација, многу подолу од Европската Унија.
- Во регионот сме меѓу најниските, само нашиот северен сосед Србија има за некоја 0,3-0,2% пониска од онаа стапка на инфлација. И она кое што исто така сакам да го напоменам е дека во моментот имаме најниска цена на дизел горивото и на безоловниот 95 и 98-октански бензин, и ако се спореди со цената којашто ја имаат нашите соседи, па и во Европа, тогаш разликата е помеѓу 20 и 50 отсто. Тоа значи дека оваа Влада води сметка во рамките на своите можности и повеќе од што може за да го заштити стандардот на граѓаните-подвлече Мицкоски, кој денеска беше во посета на граничниот премин Табановце.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
-

Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
-

Мицкоски: Стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник
-

Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
-

Ристовски на средба со Бузалковски – Два подиуми во Словачка, следува борба за европската вицешампионска титула
-

Книжевен портрет на Атанас Крлевски в петок во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје
