Мицкоски: Би сакал сите работници да земаат 1 000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС, ова не е тема за политички поени

Јас би сакал сите работници да земаат не 500, туку 1 000 евра минимална плата, но теренот на кој тоа треба да се договори е Економско-социјалниот совет (ЕСС). Упатувам порака до вистинските синдкалци, да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злоупотребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски.
Како што напомена Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Петровец, се додека нема договор меѓу синдикалците и работодавачите, не може да се носи нов закон, особено не сега, во период на предизбори.
Според премиерот, услугите се клучната причина за раст на инфлацијата. Платата просечно расте 11 отсто на ифлација од 4,5 отсто и нето платата е порасната.
-Јас повикувам на дебата. Ова не е тема што се политизира, туку тема што треба да се дискутира во рамки на институциите. Не е ова тема за политички поени, „аха, види го сега овој, овој е дарежлив, а овој не“. Не е ова таква тема, туку се седнува и се разговара. На последната седница на ЕСС видовме различни ставови кај работодавачите и синдикатите, не но не гледам непремостливи разлики. Во конструктивен разговор ќе се изнајде решение кое ние како Влада ќе го почитуваме. Упатувам порака до синдикалците, има таму неколкумина кои се политички активни во опозицијата, но зборувам за вистинските синдикалци - да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злопутребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, напомена Мицкоски.
Тој потсети дека Владата како најголем работодавец постигна договор за раст на платите во образованието, здравството, МВР, МО,..., буквално во сите институции и повеќе нема таков, како што рече, со плата еднаква на минималната.
-Останатиот дел е дијалог меѓу другите два партнера, работодавачите и синдикатите. Во однос на инфлацијата, ќе повторам дека услугата е главниот „драјвер“ на зголемената инфлација, а таа ќе расте се додека има кој да ја плати. Кога ќе престанат граѓаните да ја плаќаат, тогаш ќе паднат и цените во услужните дејности и тука ние како Влада не можеме да интервенираме, подвлече премиерот.
МИА
Ново на Сител
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
-

Дел од локалитетот „Маркови Kули“ пошумен со 6.000 садници на даб
-

„Зелникот на баба“, вкусот на традицијата по 12-ти пат во Пробиштип
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
