Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните две години, но сигурен сум дека ќе го надминеме

Во наредните две години треба да се вратат околу пет милијарди евра за стари долгови и камати, да се финансираат буџетскиот дефицит и капиталните инвестиции - истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на прашање на пратеничката Велика Стојкова-Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ за буџетските предизвици за наредната година, премиерот посочи дека се работи за трошења каде што буџетскиот дефицит ќе се движи во рамките до 3,5% од бруто домашниот производ.
- Што е навистина едно добро ниво, имајќи ги предвид состојбите со другите земји во Европа? Италија, Франција се над 5, 6 % во моментот. Не зборувам за земјите коишто се во воени дејства, како Украина, ниту за балтичките земји, туку зборувам за поголемите економии, условно кажано. Конкретно Франција треба да најде 350 милијарди за да го покрие тоа, Италија треба да најде 250 милијарди, затоа што на хартија вие можете да напишете проекти и математика и да ставите знак на равенство, на крај да речете толку е, но тоа треба да го покриете со пари. Треба да излезете на меѓународниот финансиски пазар и да барате пари - посочи Мицкоски.
Изрази убедување дека со Министерството за финансии ќе успеат да го обезбедат тоа што е потребно, а паралелно треба да обезбедат и ликвидност за тековните проекти преку Јавното претпријатие за државни патишта и за АД ЕСМ за да не дојде до ценовни шокови во цената на електричната енергија за граѓаните.
- Приближно ова е таа состојба за којашто зборувам цело време и којашто ќе ни биде предизвик следната година и годината потоа. Но, сигурен сум дека сето тоа ќе се надмине - рече Мицкоски.
Подвлече дека во буџетот се предвидени средства и за зголемувањето на платите согласно колективните договори кои Владата ги потпиша на почетокот од мандатот со институциите, како и за зголемување на пензиите и социјални трансфери.
- Кога зборуваме за раст на бруто домашниот производ, тоа е мерило да видите дали сте на правилна патека или нешто правите погрешно. Кога тоа ќе го анализирате, ќе дојдете до заклучок дека реално економијата кај нас, бруто домашниот производ расте со 3,8% и во 2024 и во 2025 година, а во вториот квартал од 2026 година 4,3%. Номинално 2024 преку 8%, 2025 преку 7%. И 2026 очекуваме да биде повторно преку 8%, но ќе видиме. Крајот на годината ќе даде одговор на оваа наша дилема - истакна Мицкоски.
Тоа, според премиерот, не може веднаш да биде преточено во паричникот или во џебот на граѓаните и да се почувствува.
- Но повторно ќе споменам една бројка којашто е многу важна. Настрана политиканството, сега сакам да зборувам за бројки. А тоа е реална нето плата. Какви се бројките кога станува збор за реална нето плата? Реална нето плата е разликата од нето платата од којашто се одземаат инфлацијата, односно трошоците за живот. Во септември 2026 година пораснала за 5,2%. Истиот месец 2022, со завршена енергетска криза, (сега сѐ уште трае и е посилна од тогаш кога почна на крајот на февруари и март), минус 5%. Значи истиот месец, слична ситуација, сега имаме раст од 5,2%, тогаш имавме пад од 5%. Тоа е разликата кога се мери една со друга Влада - посочи премиерот.
Направи споредба и на растот на просечната плата, која во мај 2024 година изнесувала 41.252 илјади, а во септември 2026 година 49.141 денар. За 28 месеци забележа раст од 20%. Посочи и дека синдикалната кошничка за истиот период пораснала за 16%. Просечната пензија во мај 2024 била 21.209 денари, а во септември годинава 28.935 денари или имало раст од 36,5% .
Инфлацијата, според Мицкоски, во септември во Македонија била 2,7%, во Албанија 2,9, во Словенија 3,3, во Србија 4,1, во Хрватска 4,7, во Црна Гора 4,9, во Грција 5,1, во Бугарија 5,6, во Косово 7,8, во Турција скоро 30, споредувајќи ја со истиот месец во 2022 година кога во Македонија била 18,7 отсто, во Албанија 8,1, Словенија 10,6, Грција 12,1, а во Турција најголема од 83,45 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Случаен минувач го пронашол застреланиот маж кај Смилковско Езеро, приведено осомничено лице
-

Маѓар: Унгарија нема да прифати буџет на ЕУ, за кој би требало поголеми придонеси
-

Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните две години, но сигурен сум дека ќе го надминеме
-

Николоски: Со „Дојче Телеком“ разговаравме за нови инвестиции и дата-центар во Македонија
-

Возрасни лица имале полови односи со малолетник кој се оддалечил од Установа за згрижување деца
-

Во Германија мнозинството се под кирија, во Македонија 93 отсто од домаќинствата имаат сопствен дом
-

Мицкоски: Економијата расте, дизелот е поевтин од многу поразвиени земји, а БДП ќе надмине 21 милијарда долари
-

20-годишник ја вознемирувал малолетната девојка, таткото пријавил дека имал и полов однос со неа
