Македонија
21. July 2025 - 16:49

Мицкоски: Бугарија може да покаже дека е добар сосед

Предложената резолуција е можност за Софија да покаже дека Бугарите во Уставот се последниот услов за деблокада на македонските интеграции. За Премиерот  тоа е добар начин Бугарија да покаже што значи да се биде добар сосед, нешто на што се обврза со договорот за добрососедство.  

За шефот на македонската дипломатија резолуцијата што ја предложи премиерот не го отвора прашањето дали ние веруваме во посебноста на македонскиот идентитет туку и дава простор на Бугарија да покаже дека тој не е клучната пречка во македонскиот интегративен процес. 

Во СДСМ даваат поддршка на секоја резолуција која ја гарантира посебноста на јазикот и идентитетот а предлогот на Премиерот Мицкоски сакаат да го видат во македонското Собрание за да ги дадат своите забелешки. 

Поддршка даваат и во ЛДП иако се на ставот дека јазикот и идентитетот не треба да бидат предмет на дебата

Официјална Софија до овој момент нема коментар. Предлогот на Премиерот доаѓа по ставот на бугарскиот претседател дека внесувањето на бугарите во Уставот е единствената пречка за Македонија на патот до Брисел и дека Бугарија нема други услови. Таа следи на нешто повеќе од десетина дена по гласањето на извештајот во Европскиот парламент каде на инцијатива на бугарски пратеници од извештајот беа исфрлени термините македонски јазик и македонски идентитет.