Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање по повод 35-годишнината од независноста на државата се осврна и на Европската Унија, нагласувајќи дека тој работи во насока да бидеме генерацијата, која ќе ја внесе државата во ЕУ, но додаде дека сите се свесни дека постои еден последен предизвик за да се почне со патот, а за да се надмине потребно да се да се создаде доверба.
Мицкоски истакна дека довербата ќе се создаде доколку се прифатат фактите, да се престане со игнорирање на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница во Бугарија, да се стави крај на негирањето на правото на употребата на мајчиниот македонски јазик, да се престане со барањето на корените на македонскиот народ како резултат на одлука на комунистичката коминтерна.
Премиерот нагласи дека нашиот пат е европскиот, но на него не може да се прават компромиси за идентитетот, јазикот и културата.
-Јас посакувам и јас работам да сме генерацијата која ќе ја внесе државата во Европската Унија. Нема подобра алтернатива за државата, точно е тоа. Но истовремено секој еден од вас треба да знае дека има уште еден последен предизвик, кој што стои пред нас, не за да го завршиме патот, туку за да го почнеме, не затоа што имаме некаква гаранција дека ќе стигнеме до целта, туку дека ќе почнеме да го чекориме тој пат. Кога ќе ги слушнете сите оние лицемерни крици на немоќ од нашите политички противници или барем од дел од нив, кои што велат во една состојба на самозаводолување - решете го проблемот и нималку не се свесни дека тие се тие кои во суштина го креираа проблемот, кои што од предлог прифаќајќи го на авантуристички начин, созадоа услов за нашиот напредок, кон полноправно членство во ЕУ. Истите тие кои денеска ги слушаме како на отворена сцена не повикуваат да го решиме и да ќе го решиме, само треба трпение, најпрвин да се создаде доверба, а за да се создаде доверба, треба да престане да се игнорираат пресудите на Судот за човекови права во Стразбур за македонската заедница. Треба да се престане да се негира правото на мојот мајчин македонски јазик, треба да се престане да се бараат корените на македонскиот народ како резултат на одлука на комунистичката коминтерна, туку да се прифати факт кој што е стар со векови. Тоа се факти од кои нема бегање и додека не ги прифатиме овие факти нема доверба, а кога нема доверба нема дијалог, затоа напрвин ајде да создадеме доверба, а потоа и да водим дијалог. Дијалог без дверба не водиме никаде, туку кон нови проблеми и нови порази - порача Мицкоски.
Тој нагласи дека има и такви прашања за кои нема компромиси, за кои нема договори под маса, додавајќи дека нема играње за она што значи наш идентитет, наше постоење, наш јазик и култура.
-Компромисот за овие прашања значи рушење на македонскиот АСНОМ и Илинден. А добро знаете, добро знае секој еден од вас дека ова е последната брана, дека нашиот збор е најсилната брана, а со зборот нема играње, тогаш си играте со честа, а која ќе ја изгубите честа, тогаш ништо друго не ви е потребно во животот - истакна Мицкоски.
Премиерот во својот говор нагласи дека 35 години се доволна дистанца да пораснеме и ги разбереме нашите слабости, потенцирајќи дека живееме во општество на длабоки контрасти, кои не живеат толку кај народот колку во политичките елити, но сепак истите кои пак го разединуваат народот.
-Многумина ми рекоа, сепак е оваа свечена пригода, не се занимавај со нив. Точно е тоа, но мора да се демонтира нивниот лажен морал, за да народот знае со какви предзвици се соочуваме - порача Мицкоски.
Премиерот додаде дека разбира оти нивната главна задача е да извалкаат сè што носи напред, да поделат, да внесат сомнеж во сè што се прави, дури и во радоста и прославата за 8 Септември, со безброј прашања, квалификации и одредници од кои човек треба да се разочара.
Тие, додаде Мицкоски, се фабрика за произведување безнадежност, очај и нихилизам, омраза која го труе општеството, пера кои клеветат, навредуваат, како на норма.
-Таквата губитничка политика треба да нè повлече сите надолу. Секој млад човек да почне да се колеба, да нè прикажат дека сме сите исти кога и сме толку многу различни. Жалам што ќе констатирам но таквите поединци не се достојни за времето во кое живеат и за улогата која се борат. Тие се тегот кој влече надолу, и сето ова е резултат на тоа што тие сакаат власт, поради пари и моќ, не поради идеја и концепт. Тие се против сè што води напред. Против болници, против патишта, против нов клинички центар, против инфраструктурни објекти за општините какви градиме, против брза железница, против покачени плати и пензии, против дата центри, против нови инвестиции. Ако се каже треба нов владин авион, тие веднаш скокаат и велат се луксузирате. А не бројат колку животи ќе се спасат, бидејќи тој авион е и за таа цел. Тоа е кусогледа политика - нагласи Мицкоски.
Тој додаде дека кога ќе заврши неговиот мандат ниту дата центрите, ниту болниците, ниту училиштата по општините ниту авионот ќе ги земе со себе, тоа, додаде останува на граѓаните, на државата, за народот.
-И многумина ми велат да не се повлекуваме, но јас сум разумен човек, давам шанса на дијалогот, затоа што верувам дека доброто секогаш го победува лото, и затоа што политиката е вештина на дијалогот, кој е попаметна и поцелисходна од поларизирањето и блокирањето. Ќе продолжиме да градиме мостови, ќе подавам рака за прашања важни за нашата иднина и нема да се откажеме од тоа да понудиме дијалог, затоа сечија суета, па и мојата не значат ништо кога во прашање е Македонија - истакна Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Македонските одбојкари пред полни трибини на отворањето на ЕП во Софија
-

Сиљановска Давкова: 8 Септември трајна обврска за секоја генерација да ја направи подобра државата
-

Охридскиот аеродром со ново лице, поголем капацитет и подобри услови за патниците
-

Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив
-

Мицкоски: Модернизиран охридскиот аеродром, подобрени услуги за патниците
-

Во Тирана одржан 100-тиот граѓански протест против изградба на луксузно одморалиште во Зврнец и Сазан, најавена граѓанска непослушност
-

Експлозии одекнаа во центарот на Атина, бомби фрлени врз два бара
-

Фон дер Лајен: Шокантни беа сцените од погребот на Младиќ во Белград
