Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%

Со цел да се спречи драстичен скок на цените на горивата на македонските бензински станици, Владата денеска на вонредна седница донесе пакет мерки. По завршувањето на седницата, премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција ја соопшти одлуката со која државата ќе интервенира на пазарот на нафтени деривати.
Премиерот Мицкоски соопшти дека одлучиле да се намали данокот на додадена вредност од 18% на 10%.
„Со оваа мерка очекуваме цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари“, изјави Мицкоски.
Според проценките, граѓаните со овие мерки би заштедиле околу 200.000 евра дневно, односно приближно 1,5 милиони евра неделно.
Главната цел е да се заштити стандардот на граѓаните во услови кога цените на светските берзи растат поради кризата на Блискиот Исток, потенцира премиерот.
„Ова е одлука со која директно го штитиме стандардот на граѓаните во услови на глобална енергетска криза“, нагласи Мицкоски, додавајќи дека земјава и понатаму има едни од најниските цени на горивата во регионот.
Ново на Сител
-

Утрово најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Парламентарни избори во Словенија
-

Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава
-

Неколку експлозии во Ерусалим по предупредувањето за ракети испукани од Иран
-

Иран му одговори на Трамп со најава за напад врз постројките за десалинизација во регионот
-

АХВ не дозволи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
-

Трамп му се закани на Иран со напади врз електраните ако блокадата на Ормуската Теснина не се укине во рок од 48 часа
-

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
