Мицкоски: Фокусиран сум на работа и проекти за доброто на граѓаните, политичите калкулации и ги оставам на опозицијата

- Не сум фокусиран на предвремени избори, туку на работа и проекти за доброто на граѓаните - вели премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали поради тоа што во Собранисто има „заглавени“ неколку законски решенија дали поради немање бадентерово мнозинство или филибастеринг ќе прави дополнително консултации со опозицијата или размислува за предвремени избори. Владата, нагласи тој, ја завршила својата работа, и сега на ред е Собранието.
-Јас сум фокусиран на работа. Како претседател на Владата јас сега се фокусирав на отпочнување на новиот проект Блаце - Скопје, да речеме, и треба да се радуваме. Имаме проект, нов автопат имаме. Потоа фокусиран сум на отпочнување на новиот проект Букојчани - Кичево, нов проект имаме Коридорот 8, третата фаза од пругата, еве се објавува тендерот оваа или следната недела... Фокусиран сум на тие проекти. Фокусиран сум на проекти коишто ќе додадат квалитет на животот на граѓаните, а политичките калкулации, политичкото мудрување на одредени опозициски партии им го оставам ним. Јас немам тука што да коментирам - потенцира рече Мицкоски.
Нему, додаде, му е важно државата да оди напред и да се развива, да се зборува за проекти.
-Јас секогаш, додека сум претседател на Владата, ќе зборувам само за проекти. Јас сум бил фокусиран, тие предлог-закони се наоѓаат во собраниска процедура и од овој момент ова прашање е во рамките на Парламентот, не е во рамките на Владата. Ние како Влада сме создале решенија, тие решенија ги поминале сите филтри, сите процедури, сега се во Парламентот. Тоа е прашање на пратениците - рече премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на општина Илинден.
МИА
Ново на Сител
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
