Мицкоски го потврди задоволството од Тиват

Засилена комуникација и соработка за ЕУ интеграциите на Македонија биле договорени на средбите со Францускиот претседател Емануел Макрон и Германскиот канцелар Фридрих Мерц на Самитот во Тиват, информираше денеска на брифинг со медиумите Премиерот Христијан Мицкоски. Како што кажа тие назначиле по еден човек од своите кабинети, и тој назначил претставник за комуникација од својот кабинет.
На средбите Мицкоски рече дека дал предлози како нон пејперот да даде посилен ефект во процесот. Задоволен е што според предлогот на Мерц, почести ќе бидат средбите со земјите од западен балкан. Ако до сега било два пати годишно сега ќе има средби два пати месечно.
Во однос на отвореното прашање со Бугарија и тоа било на маса на средбите, но премногу е сензитивно и не сака да сподели информации.
Мицкоски на брифингот посочи и дека темелните вредности на нивната политика нема да се менуваат.
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
