Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите
Со координирана интерсекторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнителен период и да почнеме со имплементирање на тие препораки, вели премиерот Христијан Мицкоски во коментар на денешната одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност.
Мицкоски најави дека ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, а посебно, како што рече, оние кои имаат одобрение за реконструкција, а прераснуваат во станбени објекти. Со тоа, вели, ќе се извадат на површина лицата блиски до партии од претходната Влада кои правеле такви злоупотреби.
Според Мицкоски, додека опозицијата ликувала за оваа состојба, Владата се борела да се даде шанса Охрид да добие уште еден транзициски период за примена на препораките, што за жал претходата влада не ги почнала, а се однесуваат за период од 2017 до март 2024 година.
-Тоа е уште една лоша работа која се случуваше во минатото во време на СДСМ. Ги гледав тие прес-конференции и пораки кои доаѓаа од Бихачка и молчев, не сакаве да реагирам, бидејќи се боревме, додека тие ликуваа ние се боревме во жестока дипоматска офанзива да се даде шанса Охрид да добие уште еден транзициски период со што би почнал со имплементирање на препораките кои за жал претходната Влада не само што не ги започна, туку и луѓе блиски до партиите од претходната Влада продолжија да ги злоупотребуваат познанствата со поедици блиски во претходната влада. Па така некои од одобренија за реконструкции прават нови згради да рчеме во центарот на Охрид, изјави Мицкоски, по присуство на на настан по повод 80 години јубилеј на републичкиот Црвен крст.
Премиерот потенцираше дека препораката од Извештајот се однесуваше за периодот од 2017 година до март 2024.
-Со координирана интерсекторска дипломатска активност успеавме да добиеме дополнител период и да почнеме со имплементирање на тие препораки. За таа цел Министерството за транспорт распиша оглас и ќе ангажираме фирма која овие дивоградби посебно во Охрид, а посебно оние кои имаат одобрение за реконструкција а прераснуават во станбени објекти ќе бидат срушени. И со тоа ќе ги извадиме на површина лицата кои ги злоупотребуваат, а не треба на јавноста да и кажувам кој е главниот протагонист во таа злоупотреба, посебно во Охридско-струшкиот регион, наведе Мицкоски.
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Париз на денешната расправа донесе одлука да се одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски културни и историски наследства во опасност. Со тоа, Охрид и државата добија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг мисии, за што ќе треба до УНЕСКО да достават извештај до 1 февруари наредната година.
Претходно Владата ги задолжи сите членови на македонската делегација во Париз заеднички да поднесат амандман за повлекување на Нацрт-одлуката на Комитетот, со која се предлагаше регионот да биде ставен на листата на загрозени богатства.
Во нацрт-одлуката за стасусот на Охридскиот регион беа посочени забелешките наведени во реактивната мониторинг мисија од минатата година, во која се потврдени наодите од претходните мисии, со заклучок дека кумулативните и тековните влијанија – вклучувајќи го тука урбаниот развој, недостатоците во просторното планирање, несоодветните интервенции, еутрофикација на езерото, големите инфраструктурни и други проекти – предизвикале сериозно нарушување на клучните атрибути на заптитеното подрачје, што довело до неповратна деградација.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот