Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај

Премиерот Христијан Мицкоси денеска изјави дека не знае дали СДСМ ќе му даде поддршка на „Безбеден град“ и нагласи дека е важно што овој проект веќе ги постигнува своите основни и хумани цели. Смета дека граѓаните го почитуваат овој проект и апелира и понатаму да бидат совесни.
-Јас вчера имав координативен состанок со раководството на МВР и со луѓето кои се одговорни за овој проект. Бројките во јануари се уште поохрабрувачки споредено со бројките од декември. Тоа значи имаме повеќе човечки животи спасени, помалку сообраќајни незгоди, помалку пациенти на траума и на крајот од денот побезбеден сообраќај. Така ако веќе го гледаме оној хуман аспект на самиот проект, јас сум навистина задоволен. И она што мене ме радува е ако од почетните денови кога имаше неколку десетици илјади сообраќајни прекршоци, во одредени денови на почеток имаше и повеќе од сто илјади, сега веќе се движиме на бројката две-три илјади на ден. Тоа значи дека граѓаните го почитуваат овој проект и тоа е доказ дека можело да се почитуваат законите. Јас сум среќен што тоа се случува и благодарност до граѓаните, до возачите и апел да бидат совесни, изјави премиерот Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање по отворање на проширениот дел на ОУ „Блаже Конески“ во општина Аеродром.
Одговорајќи на новинарско прашање дали ќе постои механизам со кој ќе се заштитат податоците на граѓаните во „Безбеден град“ за да не бидат злоупотребени, премиерот рече дека на вчерашниот состанок меѓу другото разговарале и за заштита на податоците на граѓаните.
-Мора да имаме протоколи за многу работи. Вчера тоа го разговаравме. Многу работи во текот на имплементацијата ќе почувствуваме дека недостасуваат. Впрочем, никој веднаш кога го имплементирал овој проект не бил перфектен 100 отсто. Логично е во следните 3 до 6 месеци имаме одредени усогласувања. Но, исто така, она што ќе го повторам, мене ме прави среќен е што хуманиот аспект од овој проект ние го постигнавме, а тоа е помалку жртви како резултат на сообраќајни незгоди, истакна Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
-

Саит Саитов кој со „пасат“ усмрти жена кај Капиштец претходно бил казнуван за управување возило без возачка дозвола
-

Угостителите не кажуваат какви забелешки имаат за новиот закон за заштита од пушење
-

Опструкции и влошени пневмонии ја наполнија клиниката Козле – Дневно над 250 прегледи
