Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски

Сметките од работењата на претходните влади на Зоран Заев и Димитар Ковачевски и како тие се справуваа со кризата денес ги плаќаат граѓаните, и не дај Боже некогаш повеќе на Македонија да ѝ се повторат такви влади, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Прашан за коментар на изјавите на Венко Филипче за работењето на владите на Заев и Ковачевски, Мицкоски рече дека мнозинството граѓани делат став дека не смее повторно да се дозволи такво владеење.
-Не дај Боже некогаш повеќе на Македонија да ѝ се повторат такви влади. Не дај Боже! И мислам дека тоа го мислат мнозинството граѓани. Начинот на којшто тие се справуваат, денеска ги плаќаме сметките, додека тие уживаат во мелосот на ѕвезди музички од околината во скапи егзотични дестинации, се возат на скапи јахти. Ние ги плаќаме, односно вие, граѓаните ги плаќате сметките од тоа време како тие се справуваа со кризата – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „TESSA Energy“.
Наместо соочување со одговорноста, според Мицкоски, тие продолжуваат да ги бранат и промовираат тие политики.
-Жалам што СДСМ повторно ја испушта можноста да се извини за сите оние погрешни, криминални, бандитски, анационални политики од тие две влади за коишто СДСМ денеска излегува во јавноста и ги брани, односно владата на господинот Заев и господинот Ковачевски. Наместо да се извини и да се повлече од сето тоа што го имаат направено, тие уште го промовираат тоа – изјави Мицкоски.
Мицкоски, исто така, изрази зачуденост, како можат „со тие пораки да ги погледнат граѓаните во очи после сето тоа што им го направија во тие седум години додека владеа“.
МИА
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајна несреќа кај Миладиновци, наредби за обдукција на две починати лица
-

Удрил полицаец па во полициското возило при обидот да избега - МВР со детали за директорот од „Царина“ фатен со 17.500 евра мито
-

21 годишен фудбалер на Тетекс загина во тешка сообраќајна несреќа
-

ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола
-

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција
-

Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
-

Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на когенеративните капацитети на „TESSA Energy“
-

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
