Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме напорно и во исто време се бориме со хаосот кој го наследивме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски вечерва говорејќи за нафтената криза истакна дека ќе има нови мерки при што посочи дека Владата се бори напорно за подобар живот на граѓаните, но во исто време се бори и со хаосот кој е наследен и долговите наследени од претходната влада.
Премиерот Мицкоски во однос на тоа како тоа оваа влада и претходната се справувале со кризите, потенцираше дека двете кризи и оваа сега и таа 2022 година се почнати во ист месец, но тогаш инфлацијата била над 10 отсто, додека сега е 4,5 отсто-4,9 отсто.
- Второ излезе Меѓународниот монетарен фонд јасно кажа дека ние како држава сме трета во Европа според мерките коишто ги применивме визави процент од бруто домашниот производ. Тешко се живее, точно, никој не вели дека се живее лесно, тешко се живее и во Германија, еве сега се враќам од Австрија, тешко се живее и во Австрија, таму пак литар бензин и дизел се над 2 евра, па сега морале да ослободат околу 50 илјади барели од државните резерви да може да амортизираат цена, секаде тешко се живее. И тогаш стандардот во Германија, Франција, Италија, Австрија бил поголем од тој што бил во Македонија, но прашањето е дали таа разлика се намалила, ако ја мерите тогаш и сега, двојно се намалила, рече Мицкоски во интервју во Тема на денот на ТВ Сител.
Во врска со споредбите за тоа колку гориво може да се купи со платите во тие држави и во земјава, премиерот посочи дека таа разлика споредено со тоа кога беше претходната влада драматично е намалена, а не е зголемена и тоа е успехот во мерките и во политиките на оваа влада.
- Инаку, Германија, Франција, Италија, Австрија, Унгарија, Словенија повисок стандард имаат од Македонија, но тоа е политика децениска, можеби вековна. Ако некој очекувал ние за две години ќе вратиме годишно по 2,5 милијарди евра долгови на претходната влада, дека ќе враќаме солидарен данок кој е неуставно земен, ќе ги почитуваме сите колективни договори, и еве вчера излезе Државниот завод за статистика нето платата е за 7,5 отсто поголема, дека ќе успееме да ја намалиме буџетската дупка дефицитот од 4,5 на 3,5 отсто, дека шест квартали ќе имаме 3,5 отсто раст на БДП, вели премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски се осврна и на критиките, при што посочи дека критиката е позитивна и ги слуша граѓаните, бидејќи тие имаат право да критикуваат и треба да критикуваат затоа што навикнати се на политичари неработници, луѓе коишто се обременети со криминал и корупција, и е свесен дека немаат трпение, а власта е таа која треба да има трпение и да работи.
- Ќе има дополнителни мерки иако ние досега прилично многу го изложивме буџетот и ќе треба да видиме, бидејќи еве втор месец завршува од кризата која е историски најголема според Светската енергетска агенција, оваа криза е поголема од онаа во 2022 година и двете кризи во седумдесеттите години заедно, а ние сме таму каде што сме и сега сметајте да имате по 30, 40 или 60 отсто по литар поевтино гориво од соседите. Тоа е успех, дали е доволно, не е доволно, дали тешко се живее, да, но ќе се бориме да биде подобро, нагласи премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
-

Турција забрани користење на социјални мрежи за деца под 15 години
-

На ГП Долно Блаце уапсен Турчин баран со потерница од Интерпол
-

Уапсени 12 возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив возел со 3,95 промили алкохол во крвта
-

18-годишна трудна девојка од Шуто Оризари силувана од поранешен партнер
-

Татко пријавил уцена врз малолетната ќерка со експлицитни слики од поранешен дечко
