Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани

-Сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани, ние како Влада ќе го ставиме во нашите врвни приоритети и тоа ќе го направиме. Посакувам да се обединуваме за убави работи, а оваа трагедија нека биде за сите нас поука дека она што денеска го правиме ќе има свое значење во иднина. Би сакал тоа што ние денеска го правиме како Влада има позитивно и убаво значење за иднината на нашите граѓани и нашата Македонија, порача попладнево премиерот Христијан Мицкоски во вклучување на хуманитарното отворено студио на телевизијата Канал 5 за донирање на настраданите во Кочани.
Мицкоски нагласи дека Владата вложува надчовечки напори во спасувањето на повредените во трагедијата.
-Немам што повеќе да кажам од она што го кажав досега. Уште еднаш да изразам сочуство на семејствата кои што ги загубија своите животи во оваа трагична и ужасна несреќа во Кочани. Како Влада правиме сѐ што е во наша моќ, вложуваме надчовечки напори да спасиме живот повеќе од оние што се повредени. Се радувам дека дел од нив полека се испишуваат од болниците во Скопје, но се враќаат и од странство, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
-

Крај на учебната 2025/2026 година
-

Над 100 текстилни работници од две штипски конфекции без плати и придонеси
-

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање
