Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
Народната банка утре ќе ја објави бројката за инвестициите во 2024 година со исклучителна, огромна, историска реализација од мај натаму. Ние ќе бидеме земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот, рече попладнево премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на пратеничко прашање.
За годинава, напомена, имаме не помалку од 15 инвестиции, но бројот се зголемува.
-Ќе бидете сведоци на објавување камен-темелници и на почнување производства на некои од директните странски инвестиции. Но, да не ги потцениме и домашните инвестиции кои исто така ќе почнат, користејќи го унгарскиот кредит, напомена Мицкоски.
Во однос на турскиот „Казанџи холдинг“, премиерот информира дека не е само оваа компанија заинтересирана за влез во Македонија кога се работи за изградба на когенеративни централи, туку има, како што рече, и неколку други.
-„Казанџи холдинг“ е само една од неколкуте компании што изразија желба да инвестираат. Овие инвестиции за кои ние преговараме се темелат исклучиво на пазарни услови: струјата што ќе се произведува ќе се продава на слободниот пазар, цената на топлинската енергија ќе се регулира со одлука на Регулаторната комисија и ресурсот е на товар на инвеститорот. Нема оваа Влада да каже кој да ја гради, зошто тој, која е причината, кој ќе го прави далноводот,... и по тоа се разликуваме од нашите претхоници, истакна Мицкоски.
Според него, за да се почувствува ефектот на почис воздух од капацитетите што планира да ги гради „Казанџи холдинг“, ќе треба време, три до пет години.
-Чуда се невозможни, жалам што не е направено ништо до сега од аспект на тоа, да им овозможиме на граѓаните енергенс за затоплување на домовите што ќе биде еколошки, напомена Мицксоки.
Двете прашања до премиерот ги постави Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција
-
Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС
-
Притвор за малолетникот кој извршил обид за убиство врз 55-годишен маж од скопско
-
Утре сончево и многу топло