Македонија
18. јуни 2026 - 12:18
Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
Од денеска Премиерот го почнува процесот на реконструкција на Владата. Од вчерашниот партиски роденден во Струмица, Премиерот им испрати порака на сите избрани функционери дека е чесно да си заминат доколку се чувствуваат уморни.
Рече дека до него стигнуваат информации дека дел од министрите се недостапни за граѓаните, улежани во фотелјите и позаинтересирани за патувања отколку за посета на селата и градовите.
Порача дека нема да дозволи отстапување од договореното. Според последните информации, првите состаноци на коалиционите партнери треба да се одржат утре и во сабота.
-->
-->
