Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила

Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, при промовирањето на прва републичка противпожарна, при што беа презентирани 38 пренаменети армиски и полициски возила, за гаснење на пожари. Настанот се одржа во Кампот за обука Пепелиште.
Мицкоски, изрази благодарност на општествено одговорните компании кои, како што рече, помогнале за ова што денеска го гледаме да биде реалност.
-Станува збор за полициски и армиски возила коишто повеќе од осум години не биле запалени. Ја видовте демонстрацијата, видовте како денес сето тоа изгледа и можам да кажам дека многу поподготвени ја пречекуваме сезоната на пожари којашто очекуваме да се случи многу скоро, односно таа е веќе во тек, веќе се појавуваат одредени пожари на одредени делови од територијата на државата. Благодарност до сите коишто учествува во оваа активност почнувајќи од потпретседателот на Владата Димовски, министрите Мисајловски, Тошковски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на Неготино Горан Стојанов, директорот на Агенцијата за заштита и спасување Ангелов, на сите, буквално на сите коишто земаа учество во оваа процедура, во оваа пренамена на овие полициски и армиски возила коишто ќе повторам беа повеќе од осум години запуштени, незапалена, изјави Мицкоски.
На овој начин, според Мицкоски државата заштедува неколку десетици милиони евра.
-Неколку десетици милиони евра е заштедата, а да не зборувам колку капацитетите се зголемени. Патем можам да кажам дека оваа недела треба да стигне од сервис и вториот авион којшто беше на сервис, третиот го очекуваме да дојде некаде до крајот на месецот или почетокот на август. По два полициски и армиски хеликоптери се исто така подготвени за справување доколку има пожари и огнена стихија, така што кога би се споредило со минатото навистина не можеме да правиме споредба оваа година, изјави Мицкоски.
Тој нагласи, дека во функција е и забраната без дозвола за движење во шумски предели и на планините.
- Така што кога сето ова ќе се заокружи можам да кажам дека многу, многу поподготвени сме од кога било во минатото да се справиме доколку има такви предизвици, се разбира, изјави Мицкоски.
Во Кампот за обука Пепелиште денеска беше презентирана првата републичка пожарна составена од возила за гаснење на шумски пожари, кои имаат одлични карактеристики и капацитети за справување со тешко достапни терени. Станува збор за застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермалини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и МВР, а кои се модернизирани и на кои им се инсталирани посебни резервоари за вода, пумпи кои што работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени.
Ново на Сител
-

Путин му го честиташе на Трамп Денот на независноста
-

Пожарот во Пробиштипскиот регион е изгаснат, изгорени овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
-

Папа Лав XIV: САД се синоним за слобода поради начинот на кој ги пречекуваа имигрантите
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
-

Министерот за јавна администрација Минчев ја честита 250 годинишнината од независноста на САД
