Мицкоски најави намалување на цената на горивата од понеделник

Премиерот Христијан Мицкоски очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран. Во понедленик кога Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе нова одлука за горивата, премиерот очекува намалува на бензините за околу четири денари и на дизелот за околу седум денари.
-Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. Очекувам во понеделник врз основа на тие калкулации, бензините некаде околу четири денари по литар да се намалат, а дизелот нешто повеќе, околу седум денара по литар да се намали. Така што да почекаме во понеделник Регулаторната комисија официјално да соопшти, изјави денеска Мицкоски, кој присуствуваше на поставување камен-темелник на нова детска градинка во општина Карпош.
Премиерот очекува дека со финализацијата на мировните преговори меѓу САД и Иран ќе се стабилизира цената на нафтата на светските берзи и целата ситуација со енергенсите, но нагласува дека сепак тоа ќе биде процес којшто нема да се заврши од денес за утре.
-Денеска продолжуваат тие конечни преговори за финализација на тој мировен договор и ценам дека на овој начин практично и пазарот ќе се стабилизира. Сакам да имате предвид дека дури и Ормуската теснина да се отвори, тие танкери бродови коишто таму ќе тргнат, ќе треба еден месец да стигнат до дестинациите каде што треба да стигнат. Тоа не може ако денес тргнат, утре да се таму, така што и тоа ќе биде еден процес што ќе потрае. Нема да биде така бргу и едноставно, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.
Со финализирањето на кризата, Мицкоски очекува да се влезе во помирни води и до крајот на годината просечната цена за барел да биде меѓу 70 и 80 долара.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен 45-годишен гостиварец - Ја принудувал сопругата на сексуални односи и физички ги малтретирал нивните деца
-

Експлозивна направа фрлена кон куќа во Бардовци, предизвикала штета
-

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“
-

Уапсен 20-годишник од Жировница, при претрес пронајдена прашкаста материја
-

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
