Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува
Новата инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ е уште еден темел на економската доверба и јасен сигнал дека кога институциите се посветени, успехот неминовно доаѓа. Денешниот ден е уште една потврда дека се движиме напред, изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешното поставување камен-темелник на новата фабрика на оваа компанија во Технолошко-индустриската развојна зона во Скопје.
- Ова се показатели што го говорат најважното дека државата е стабилна, економијата активна и дека иднината се гради денес. Свесен сум дека граѓаните се соочуваат со потешкотии, свесен сум дека се потребни брзи и конкретни промени и токму затоа секој ден со целата енергија што ја имаме, работиме за тие промени да се случат. Се бориме за секое ново вработување, за секој денар повеќе во домашната економија, за секоја шанса што може да донесе стабилност на државата. Ние не чекаме инвестиции, ние ги бараме, ги поддржуваме, ги заслужуваме. Ние не зборуваме за можности, туку ги отвараме. Ние повикуваме на промени и таквите промени ги реализираме, истакна Мицкоски во своето обраќање.
Посочи дека ова е само еден од многуте примери како се создава економски раст не со теории, туку со конкретни објекти и дека еден ваков почеток е добар не само за компанијата, туку и за локалната заедница, националната економија и за секој млад човек кој сака да остане во сопствената држава.
- Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности, земја во која трудот се исплатува, земја во која инвестицијата има смисла, земја во која институциите се партнери на бизниот, не пречка, туку поддршка, подвлече Мицкоски.
Нагласи дека постигнатите резултати покажуваат дека Владата има јасна економска насока.
- БДП во првиот квартал од годинава порасна за 3,2 проценти, иако многу земји во рамки на ЕУ се во рецесија, странските директни инвестиции минатата 2024 година стигнаа ниво од една милијарда 255 милиони евра, извозот во првите пет месеци од годинава е за 3,15 проценти поголем споредено со истиот период лани, а индустриското производство само во мај бележи раст од 9,4 проценти што ќе каже дека во првите два месеца од вторит квартал (април и мај) трговскиот дефицит е намален за околу 80 милиони долари споредено со истиот период минатата година, потсети Мицкоски.
Турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје постави камен-темелник за изградба на нова фабрика со која ќе се отворат до 200 работни места со што вкупната бројка на вработени во оваа компанија во земјава ќе изнесува 500 лица. Вкупната инвестиција за новата фабрика се проценува на околу шест милиони евра.
Ново на Сител
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
-
Американски доктори бараат хлорокинот и ивермектинот да се купуваат без рецепт
-
Скопјанец баран со меѓународна потерница издадена од Австрија уапсен во Тирана
-
Претреси во Пробиштип и пробиштипско, пронајдена дрога и други предмети