Мицкоски: Нема да коленичиме пред Софија
Нема да ја виткаме кичмата и да коленичиме пред Софија, туку ќе разговараме за добрососедство ама на принципелни основи. Премиерот Мицкоски одговори на прозивките од бугарскиот претседател Радев и на лидерот на ГРЕБ Борисов, кој треба да ја формира идната влада во Софија, дека Македонија ќе биде блокирана ако не ги направи уставните измени.
Радев и Борисов реагираа на експозето на Мицкоски во парламентот кога рече дека ни како премиер нема да прифати бугарски дикатат. Борисов вели дека иако тој и Мицкоски доаѓаат од сестрински партии, гаранцијата за поддршката на Софија во ЕУ е само исполнување на договорот за добрососедство.
Бугарскиот претседател Радев пак, оди порадиклно и вели дека Мицкоски јасно покажува дека е против признавање на Бугарите.
Мицкоски ваквите пораки на Радев ги оцени како средовековни, коментирајќи дека Бугарија наназад спроведува тивка асимилација на македонското населени во западна Бугарија и дека токму политичари ко него спречуваат Македонците да формираат невладина организација како што наложува Судот во Стразбур.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
