Мицкоски очекува намалување на инфлацијата, најави жестоки акции кон маркети со нефер трговски практики

Премиерот Христијан Мицкоски очекува и во декември да продолжи намалувањето на инфлацијата споредено со декември 2024, а претстојната година да биде приближно на ниво меѓу 2 и 3 проценти што, како што рече, ќе биде пониско од нивото на раст на БДП. Тој соопшти и дека овој месец ќе има „жестоки акции“ кон два или три маркети поради нефер трговски практики.
-Ценам дека внимателната политика на Владата, напуштање на оние политики на воведување мерки коишто знаеме дека еден-два месеца вродија со плод, но тоа потоа се растури во следните месеци и во тие месеци имавме висока инфлација од 4,5 па и близу 5 порценти. Сега е веќе 4, под 4, за оваа година, а за следната очекувам меѓу 2 и 3 проценти. Ценам дека теренската работа на Пазарниот инспекторат, на Комисијата за заштита на конкурентност, која ги анализира нефер трговските практики и жестоко реагира и се покренаа неколку процеси и неколку маркети одблиску ги следиме, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Карбинци.
Како што рече, очекува во овој и наредниот месец, „да имаме жестоки драконски казни за маркетите коишто девијантно се однесуваа“.
-И преку, условно кажано, маркетинг услуги, истражување на пазарот, наметнуваа давачки кои може да се квалификуваат како нефер трговски пракси кон производителите и дистрибутерите на проивзоди во нивните маркети за да имаат подобро место на рафтовите. Многу внимателно следиме. Тоа што молчиме не значи дека не следиме. Во јануари очекувам против два сигурно, а можеби и три такви маркети да почнеме жестоки акции, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Гвардиола: Задоволен сум од тоа како Сити играше против Брајтон
-

Сабаленка се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Бризбејн
-

Трамп со декрет ги повлекува САД од 66 меѓународни организации
-

На Попова Шапка 31 сантиметар снег, најмногу дожд во Крушево, Охрид и Претор
-

Фулам поднесе жалба за голот од „офсајд“ на Ливерпул
-

Барселона прв финалист на шпанскиот Суперкуп
-

Милан го продолжува договорот со голманот
-

Галатасарај се подготвува за трансфер од Премиер лигата
