Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце, во Општина Брвеница.
Непосредниот разговор со граѓаните, порача Мицкоски, е најдобриот начин да ги препознаеме нивните приоритети, да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат и да понудиме конкретни решенија.
-Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место. Силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните – напиша Мицкоски на Фејсбук.
Мицкоски, исто така, упати порака за единство, обединување и заедничка визија за развој на општината заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница Стојанчо Радичевски.
-Од Брвеница, заедно со нашиот иден градоначалник Стојанчо Радичевски испраќаме порака за единство, обединување и заедничка визија за развој на општината, со конкретни проекти, нови можности и подобри услови за живот за сите граѓани на Брвеница, затоа што народот заслужува напредок и стабилност – објави Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
