Мицкоски: Опозицијата се занимава со лаги за пожарите, мислејќи дека ќе добие политички поени
Обвинувањата од опозицијата за состојбата со пожарите, според премиерот Христијан Мицкоски се лаги и невистини и обид да се добијат политички поени. Во изјава за медиумите дадена денеска при посетата на Куманово, Мицкоски рече дека опозицијата се занимава со лаги и конструкции и дека тие лаги ќе продолжат и во иднина.
- Опозицијата тоа го прави бидејќи мисли дека на тој начин со таа стратегија ќе добие политички поени и ќе добие поддршка од граѓаните. Дури и да е точно сето тоа што тие го коментираат, а ништо не е точно, тогаш се поставува вистинското прашање што прават тие за да помогнат во процесот. Тие не прават ништо, тие се заминаваат со некрофилија, конструкции и лаги, но тие ќе продолжат бидејќи немаат програма, визија, идеја. Ние имаме јасна програма, јасна стратегија како треба понатаму да работиме - чесно, одговорно, посветено и како што кажав многу пати досега, ќе победиме на крај, рече Мицкоски.
Во однос на пожарите информираше дека под целосна контрола се пожарите во Трубарево и Вардариште, а во Дрисла денеска треба да заврши затрупувањето на мал дел што останал.
Ново на Сител
-
Извршен увид на местото на пожарот во Трубарево, продолжен притворот на четворицата осомничени
-
Две лица од Струга приведени поради обид за убиство на 52-годишник
-
Сончеви денови пред нас, но со посвежи утра
-
130 грама кокаин пронајдени во дом на 60-годишник во Тетово, уапсени две лица | ФОТО
-
Во јули исплатени 16,5 милиони евра за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д
-
Алиу: Комисијата ги анализира случаите на кардиохирургија, извештајот ќе биде јавно објавен
-
На ГП Табановце приведен белгиски државјанин, кај него е пронајдена марихуана
-
Совети за пријатни, а штедливи излети, патувања и авантури