Мицкоски: Папата Франциск беше глас на совеста во време на глобални предизвици
Премиерот Христијан Мицкоски изрази сочувство по повод смртта на папата Франциск во кое посочува дека тој како духовен водач зад себе остава неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет.
- Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност и морална храброст. Папата Франциск низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија – за нејзините напори за мир, соживот и почитување на различностите, се истакнува во објавата на премиерот Мицкоски на неговиот офијален фејсбук профил.
Премиерот додава дека неговите зборови секогаш охрабруваа, а неговиот однос кон нашиот народ беше исполнет со топлина и почит.
-Во мое лично име, во име на Владата и на граѓаните, упатувам најискрено сочувство до Ватикан, Католичката црква и сите верници кои денес тагуваат. Вечна му слава и благодарност, се наведува во изразеното сочувство на Мицкоски за Папата Франциск.
Ново на Сител
-
Раст на каматната стапка на депозитите, намалување кај кредитите
-
Сезонска забрана за градежни активности во центарот на Охрид и долж крајбрежјето
-
Целосна забрана за движење во шума од денеска до 31 август
-
Маск го нападна законот на Трамп за даноци и трошоци
-
Без вода населба Радишани
-
Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје
-
САД донесоа одлука за продажба на муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари
-
Амандманска расправа за законите за реформа на администацијата во Комисијата за политички систем