Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство

После долго време во 2026 година имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од македонско државјанство, информира вечерва премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека не може да прецизира на што тоа се должи.
Тој нагласи дека економските перформанси на Македонија во последните две години се многу подобри отколку на некои од земјите-членки на Европската Унија и посочи дека верува во потенцијалот на македонските граѓани.
-Можам да кажам дека од почетокот на годинава за првпат после долго време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од македонско државјанство. Некаде околу 672 барања се за поврат во македонко државјанство, а некаде околу 318 се за отпис. Ова е прва година после не знам колку време тоа да се случи. Дали е случајно, дали е некој знак и дали тоа нешто значи не би можел да кажам, но верувам во македонскиоот народ и во македонските граѓани и верувам во потенцијалот. Јас сум универзитетски професор и знам каков потенцијал сум образувал, знам со каков потенцијал располагаме и тоа што исто така го знам е дека можеме многу повеќе и покрај тоа што има такви сили кои не сакаат оваа држава да успее и шират дефетизам, потенцира Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
