Мицкоски: Подготвени сме да разговараме со Софија, но ставот на Владата и црвените линии се јасни

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со конкретни чекори за решавање на проблемот со Бугарија, рече дека е подготвен да седне да разговара, но оти е познат ставот на Владата по тоа прашање, како и црвените линии.
- Нашиот став е многу јасен, се знаат кои се црвените линии, ние сме ги опишале тие црвени линии многупати досега. Подготвени сме да седнеме и да разговараме, но не би било коректно некој да очекува дека оваа Влада додека сум јас премиер наеднаш ќе каже дека ова досега што го зборевме не важи, сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени. Барем јас додека сум претседател на Владата. Ако дојде некој друг нека тераат друга политика, одговори Мицкоски, по поставување камен-темелник на изградба на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.
Според Мицкоски, додека е тој претседател на Влада, „вакви предавства и капитулации нема да се случуваат“.
Премиерот Мицкоски во повеќер наврати кажа дека неговата Влада нема да дозволи уставни измени без конкретни обврски од источниот сосед и јасни гаранции од Европската Унија, при што истакна дека очекува и доследно почитување на меѓународното право како предуслов за напредок.
МИА
Ново на Сител
-

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9
-

Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата
-

Трамп: Куба е банкротирана држава и треба да склучи договор со САД
-

Зеленски: Русија подготвува масовни напади врз украинската инфраструктура
-

Еден мртов и двајца тешко повредени во напад со нож во Сиднеј
-

Дожд, снег, засилен северен ветер и пад на температурите
-

Укината забраната за камиони на Стража и на патот Маврово - Дебар
-

Мисајловски: Имаме стабилна и безбедна ситуација, тоа што го прави претседателот Трамп за мирот го поздравуваме
