Мицкоски: Пожарите на депониите се подметнати-државата жестоко делува
Нелегалната депонија Вардариште е обезбедена, а депонијата Дрисла иако во текот на вчерашниот ден беше речиси санирана, од некои чудни причини при крајот на ноќта повторно се распламти. Затоа со тоа денеска ќе се позанимава Министерството за внатрешни работи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање за проблемите со загадувањето на воздухот, што изминатите денови го предизвикаа депониите Вардариште и Дрисла, а граѓаните од неколку скопски населби и утринава се пожалија дека има чад.
Премиерот Мицкоски за депонијата Дрисла рече оти имал разговор и со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дека е на линија и со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Посочи дека на депонијата е ангажирана и градежна механизација од општествено одговорни компании. Тој очекува денеска или утре проблемот да се санира.
-Тоа што со децении не е санирано, тоа што со децении никој не водел сметка, еве за неколку дена би рекол, за недела дена ќе успееме да го санираме. А јас сочувствувам апсолутно со секој оној граѓанин, којшто го чувствува сето ова. Но, чудно е, чудно е како одредени Јавни претпријатија, каде што свои кадри има Демократската унија за интеграција се случуваат вакви работи. Чудно е и тоа ќе го истражиме, ќе го истражиме и ќе обезбедиме соодветни докази, како може пожар, којшто беше речиси смирен, односно ставен под контрола, но наеднаш да се распламти и како токму сега, откако успешно се справивме со пожарите во околните држави имаше жртви, повредени, иселени градови итн, кај нас сето тоа цело лето беше успешно завршено, изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски додаде дека и покрај диверзиите, коишто како власт ги имале на почетокот на летото, наеднаш сега се случуваат пожарите на депониите во Скопје и тоа пред локалните избори.
-Вистинското прашање и вистинскиот одговор на тоа прашање колку сето ова на некој му одговара. Но, ние нема да се занимаваме сега, сега работиме да го решиме проблемот. Потоа ќе се занимаваме и да знаете дека сите виновници ќе бидат изведени пред лицето на правдата, рече Мицкоски.
Што се однесува за депонијата Вардариште од вчера е ангажирана приватна Агенција за обезбедување од страна на општините и како што рече Мицкоски „апсолутно, како Влада и како институции ги преземаат сите мерки“.
-За Вардариште знаете дека имаме веќе приведени осмоничени лица, кои ја користеле илегалната депонија Вардариште, а постои повеќе би рекол од неколку децении. Таа е со габарит поголем од 20 хектари, за да произведуваат метали, коишто потоа нелегално ги продавале. Тие лица се откриени и тие лица се приведени. Од вчера има приватна Агенција за обезбедување здружено ангажирана од неколку општини. Истовремено како Влада и како институции преку општествено одговорни компании обезбедивме градежна механизација, којашто веќе денеска ќе биде во полн состав таму. Вардариште би рекол е обезбедено, рече премиерот Мицкоски, по потпишувањето на „Декларација за Македонија на граѓаните и за општините што создаваат иднина“.
МИА
Ново на Сител
-
Оружје и муниција пронајдени кај 75-годишник од Трубарево
-
Голем интерес за билети за СП 2026
-
Во келијата на Васев пронајдени три мобилини телефони, тој тврди дека не се негови
-
Трамп: Упадот со беспилотни летала во Полска би можел да биде грешка
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Дрисла, 13 пожари на отворено целосно изгаснати
-
Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО
-
ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната
-
Нетанјаху: Нема да има палестинска држава