Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
Со едноминутен молк почна владиното одбележувањето од годинишната од најголемата трагедија во историјата на државата. „Постојат настани во историјата на една држава кои не се мерат со време, туку со болката што ја оставаат зад себе.
Трагедијата во Кочани е еден од тие настани“, емотивно се обрати премиерот Мицкоски на Меѓународната конференција посветена на институционалните и клиничките аспекти по трагедијата, коментирајќи дека тоа бил и најтешкиот ден во неговиот живот. Во знак на почит и сеќавање ги прочита имињата на сите 63 жртви од пожарот.
-Кој е виновен за сето ова? И јас го поставувам ова прашање и на ова мора да даде одговор не некаков преки суд, не јавноста туку обвинителството и судовите. Но воедно мора да говориме и за вината во креирањето на тој систем кој потфрли, каде со децении и години се креира тоа диво месо кое стигна до нашите најмили. Луѓето чии животи згаснаа не се бројка, туку судбини. Личности.... Правдата не е прашање на политика. Таа е прашање на доверба во институциите. Кога трагедија од ваков размер ќе се случи, државата има обврска да покаже дека системот функционира, дека пропустите се утврдуваат и дека одговорноста се презема. .... И затоа сакам денес јасно да кажам: државата ќе продолжи да стои покрај овие семејства. Затоа што зад секоја институционална одлука стои едно едноставно убедување: човечкото достоинство мора да биде центарот на секоја јавна политика.
Исклучително значење, брзата реакција на институциите и поддршката од пријателските земји помогнале да се спасат многу човечки животи, посочија пак, министрите за здравство и за надворешни работи.
„Во тие тешки денови се покажа вистинската сила на дипломатијата и меѓународната солидарност. Токму во вакви моменти станува јасно дека вистинската вредност на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи“,
Протоколи и брза, но организирана реакција е она што мора да биде воспоставено во системот за заштита и спасување, апелираа институциите.
Онаа лекција на која што најмногу треба да не учи и трагедијата и денешната конференција е: Да не се повтори!
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
